Ќе се исплатат субвенциите за тутунот за 2019

0
77

Исплатени над 30 милиони евра субвенции на 19.050 тутунопроизводители за ланската реколта. Парите ќе им бидат достапни од понеделник, државна помош ќе добијат сите земјодрелци кои ги исполнуваат условите.

За да не се создаваат гужвите пред банкоматите, парите ќе можат да ги подигаат од понеделник од 16 до 23 часот,. Или до 17 часот на шалтер во банка.

На тутунопроизводителите што немаат платежни картечки, исплатата ќе им се врши по азбучен ред, од 21 до 24 април.

Инаку за прва класа субвенцијата изнесува 80 денари, за 2 – 70 и за 3 и полоша 60 денари за килограм откупен тутун . Исплатата на парите, според надлежните е во вистински момент. Максималната поддршка на земјоделците останува нивниот приоритет. Поддршката наредниот период ќе продолжи и за останатите гранки.