Џафери: Ви посакувам да поминете убави празнични денови во Вашите домови, прославувајќи го Велигден

0
83

Дозволете да во мое лично име и од име на Собранието на Република Македонија, на сите верници од католичка вероисповед кои големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден го слават по грегоријанскиот календар, да им го честитам празникот и да им посакам пред сѐ и над сѐ добро здравје, во ова време на вонредна состојба во нашата земја и во светот, вонредна по здравјето на сите луѓе низ цел свет. Оваа година е необична по тоа што и добрите и лошите мигови кои ги носи секојдневието, ги поминуваме во кругот на најтесното семејство, некој дури далеку и од нив, меѓутоа, секако не далеку од срцата. Бидете трпеливи и храбри, ќе го пребродиме и ова. Важно е да имаме добри мисли, мисли на солидарност и разбирање кон нашите блиски и далечни семејства, кон нашите соседи, пријатели и соработници. Важно е да ги храбриме и да се молиме за добро здравје и сила на нашите здравствени работници кои се исправени пред овој голем предизвик на првата линија.

Ви посакувам празничниот дух да го исполни Вашиот дом и да Ви даде леснотија во пребродување на овие денови. Ви посакувам да поминете убави празнични денови во Вашите домови, прославувајќи го Велигден, празникот на животот со полни срца надеж и верба. Бидете здрави!- стои во честитката.