Британскиот премиер Борис Џонсон е во многу добро расположение откако синоќа се премести од одделот за интензивна нега во болничка соба, но неговото закрепнување сè уште е во почетна фаза, изјави денеска неговиот портпарол.
„Премиерот штотуку започнува да закрепнува и тој ќе ги следи советите на медицинскиот тим“,
рече портпаролот на прашањето кога Џонсон ќе се врати на работа.
„Од болницата рекоа дека минатата ноќ бил во исклучително добро расположение“, додаде портпаролот.