АКО НЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ, ИМАМЕ УСТАВ И ЗАКОНИ, ИЗБОРИТЕ СЕ НА 21 ЈУНИ, РЕЧЕ ЗАЕВ

Ако нема консензус околу датумот на избори, останува да се почитуваат уставот и законите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција, додавајќи дека терминот за избори е 21 јуни.

„Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите…треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21 јуни ќе има избори со 14 кандидадски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи“, рече Заев.