Ангеловска-Бежовска: Депозитите на граѓаните се безбедни, нема потреба од никаков страв

0
29

Во однос на мерките што се преземаат за реалниот сектор, гувернерката рече дека многу е важно мерките да се добро таргетирани и да се направи добра проценка.

Депозитите на граѓаните се безбедни. Нема потреба од никаков страв кај граѓаните. Депозитната база е стабилна, порача вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска на гостувањето во „Топ тема” на телевизија Телма.

Ангеловска – Бежовска истакна дека како и во секоја кризна состојба имало одреден притисок врз депозитната база и сигнали на одредено повлекување на депозитите на дневно ниво во втората половина на март и почетокот на април, но веќе од средината на април има стабилизирање на состојбите.

– Како и во секоја кризна епизода која сме ја имале, доаѓа до влошување на перцепцијата кај граѓаните. Вознемиреноста се почуствува кај депозитната база на банките во втората поовина на март и почетокот на април, но оттогаш наваму состојбите се стаблизирани. Немаме пад на депозитите, имаше одреден притисок врз депозитната база и сигнали на одредено повлекување, но сепак на крајот на месецот, состојбата покажа стабилизирање и имаше одреден пораст, рече Ангеловска-Бежовска.

Извор Слободен Печат