Аслани: За избори може да се разговара кога 14 дена бројот на заразени ќе биде 5 проценти

аменик-министерот за здравство, Арменд Аслани во вечерашното гостување во Топ тема на Телма ТВ, вели дека за избори ќе може да се разговара кога 14 дена бројот на заболени би бил под 5 проценти.

Според Аслани, во овој момент не може да се планира одржување на избори со оглед дека денешниот процент на позитивни нови случаи на коронавирус од направените тестови изнесува над 14 проценти.

„Имавме одредени денови под 5 проценти на дијагностицирани, но пред два – три дена, можеби инцидентно беше 10. Во деновите потоа имаше број што на пример, вчера изнесуваше 5,7 отсто, а денеска имаме 14,5 отсто“,

рече Аслани.

Тој потврди и дека заради сегашниот тренд на ново заболени од Комисијата нема заклучок дека треба да се почне со укинување на полицискиот час и со олабавување на другите рестриктивни мерки и оти засега остануваат на сила истите мерки.

Вицепремиерот Бујар Османи, пак, попладнево на ТВ 24 најави дека можно е олабавување на мерките од утре. Тој не го спомна полицискиот час, туку како примери ги посочи мерките за автошколите и индивидувалните спортови.