Беџети: Почитувајте ги препораките за носење маски и дистанца

0

Дојде да зборува за Општина Сарај во седиштето на ДУИ во Чаир. Градоначалникот Блерим Беџети апелираше до жителите на Сарај да ги почитуваат здравствените мерки и да не прават семејни собири. Но, тој молчеѓе кога здравствените власти го псоочија прстот кон масовните собири како жаришта за ширење на инфекцијата со Ковид -19. Сега Беџети бара да се прават над 700 тестови на ден.

Јас сум во својство на член на претседателството и во својство на градоначалник и апелирав перманентно. За ваша информација, до пред две седмици немавме ниеден случај, што значи дека постојано се занимаваме со ова, не само јас, туку сите граѓани на општината. Но, за жал, оваа пандемија што го зафати целиот свет, нè фати нас во последниот период – изјави Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.

Покрај Сарај со 41 случај, Чаир, Гази Баба и Аеродром остануваат жаришта на Коронавирусот во Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов беше прашан дали цело Скопје треба да биде ставено под карантин или само некои области.

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека денес се регистрирани 6 нови случаи во Чаир, 3 во Бутел, 2 во Сарај, Аеродорм, Илинден и Ѓорче Петров. По 1 во Сопиште, Ш.Оризари и Студеничани.