БИТИЌИ ЗА ТВ 24: СЕТОТ МЕРКИ ЗА ПОМОШ Е НАПРАВЕН ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Фатмир Битиќи советникот по економски прашања во кабинетот на премиерот во Владата во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа објасни дека приватната потрошувачка е две третини од домашниот бруто приход и ние треба да го следиме терков на нашата економија, а да не се споредуваме со странските економии.

„Мерките дојдоа два дена по ребалансот. Додадовме нови елементи за поддршка на стопанството кои порано земјата ги немаше испробано, а тоа е државната гаранција.“ – изјави Битиќи.

Тој објасни дека директно се поддржуваат преку 400 000 граѓани и има мерки каде се таргетира многу поголема бројка. Битиќи смета граѓаните поефтино ќе ги купат производите со мерката поврат на ддв, особено оние регистрираните во системот на епддв.

„Ако купувам на пример школски прибор, ќе ги скенирам сметките и добивам нотификација колку треба да ми се врати и во законскиот рок на враќање, граѓаните ќе го имаат полниот износ назад.“ – рече Битиќи.

Тој смета дека мерките се носат по мерка на граѓаните и дека вирусот не е политички производ, а со мерките ќе им се помогне на граѓаните. Тој појасни дека кога се креира систем, тој се креира врз основа на проценки. Тие кои што останале без работа во неформалниот сектор може да бидат приматели на помош. Прават разлика меѓу активни пасивни баратели, а околу 100 000 граѓани ќе добијат помош и тие граѓани да немат дополнителни приходи под минималниот износ и оние приматели на социјална помош може да имаат дополнителен приход. Втората мерка е поттикнување на туризмот и со неа се опфатени сите вработени во јавен и приватен сектор и таа мерка е производ на кризата и се земат податоц од последните месеци.

Извор ТВ24