Боки 13: Камчев е сценарист, а Кичеец оперативец за Рекет

0
31

Бојан Јовановски во негова одбрана тврди дека не знаел што имало во торбата и не ги видел парите, за која обвинителството наведува дека таму има сума од еден милион евра. Боки 13 на денешното судење за Рекет кажа дека во друга просторија биле Зоран Милевски – Кичеец и Орце Камчев, додека тој ги чекал. Потоа дошле со торбата. Тој првично не ја забележал, а рече и дека не ја допрел.

“На Орце Камчев не можеш да му земеш 50 денари, а не па 1,5 милион евра… Дента, Зоран Милевски околу 11-12 часот дојде кај мене дома испи кафе и си отиде. Ми кажа декa ќе одиме кај Орце да пиеме кафе. Они разговараа нешто, Јордан и Милевски, потоа влегоа во соба. Разговаравме. Милевски ја зема торбата и заминавме двајцата. Прво ја немав видено. Кога ја видов торбата беше затворена. Јас не сум бил присутен каде што се гледа како женска рака реди пари. Јас видов затворена торба што ја зема Зоран Милевски со леснотија“, вели Боки 13.

Боки 13 како конструкција против него и ексшефицата на СЈО Катица Јанева го оценува обвинението и тврди дека тој не влијаел кај Јанева за притворот на Камчев во истрагата „Империја“. Наспроти тоа, вели Кичеец му говорел дека со Ана Камчева биле кај тогашниот премиер Зоран Заев, кој наводно рекол  дека ќе направи сѐ за притворот на Камчев што е во негова можност.

Во друга прилика, Боки 13 тврди дека Заев му кажал дека странски служби и обвинител имаат предмет против него и Јанева.

„СЈО нели уживаше голема доверба кај граѓаните и во еден момент Катица Јанева беше опасност и за власта и за опозијата. Јордан Камчев помогна и на едните и на другите. Си прави пазар, презентирајќи ги снимките. Груба монтажа. Судот дозволи да бидат како доказ. Со тие снимки прво бев заплашен па уценет. А. бев уценет со тоа што ми се случува, доколку 95 проценти од телевизијата не се даде на некое лице”, додава Боки 13.

За фотографијата на која се гледа Катица Јанева со пари, Боки рече дека се работи за пари кои Јанева му ги дала за мебелот.

Јовановски кажа дека Орце Камчев бил сценарист, а Зоран Милевски Кичеец оперативец за случајот Рекет. Според Боки 13, Камчев барал помош од бугарски разузнавачки служби за да најде начин како да се спаси од предметот Империја. Боки 13 кажа дека прв пријавил сомнежи кај тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Кај него пријавил шпионажа од Камчев. Боки 13 и Јанева се обвинети за изнуда од 1,5 милион евр а од Камчев.

Извор Алсат