Бугарскиот европратеник Ковачев најавува вето за Македонија ако не се надминат историските прашања

0
24

Тој вели дека Софија ќе стави вето на преговори со Скопје доколку до јуни не почне со работа комисијата за историја.

Изјавата на Ковачев доаѓа ден по интервјуто на бугарската Министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева која рече дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со србизми. Од македонското Министерство за надворешни работи во одговор на изјавата велат дека нашата Влада останува посветена на имплементација на договорот за добрососедство.

„Со бугарија беше започнат еден исклучително важен и сложен процес на заедничко растење. влогот е голем од двете страни и очекувањето е дека ќе надвладее меѓусебното разбирање и ќе се продолжи по патот на зближување и градење пријателство, низ заемно почитување, како две соседни европски држави“, велат од МНР за Канал 5.