Весел Мемеди и Стефан Младеновски сведочат за “27 април”

На денешното судење за наводните организатори за собраниските настани од 27 април, по предлог на Обвинителството, сведочат пратеникот Весел Мемеди и амнестираниот Стефан Младеновски.

Во судницата, Мемеди рече дека после случувањата смета дека “27 април” било смислено сценарио. Во пленарната сала видел дека процедурално првин побарале пратениците Џеват Адеми и Артан Груби, а потоа и Зекирија Ибраими но според Мемеди, претседавачот Вељановски преку ред му дал збор на Ибраими кој ј испеал албанската химна. На прашање од одбраната, Мемеди не одговори дали во меѓувреме пратениците од ДУИ го откажале барањето за процедурално со што збор би добил Зекирија Ибраими.

Пред судот сведочи и амнестираниот од претходниот предмет за 27 април, Стефан Младеновски.

Учествувал во протестите како група организирана од Александар Василевски Нинџа и врвот на тогашното УБК, а на дел од средбите присуствувал и директорот кој е обвинет во предметот, Владимир Атанасовски.

Освен тој, обвинети како организатори на случувањата од 27 се и тогашниот претседавач со седницата, Трајко Вељановски и поранешните министри Јанакиески и Ристовски.