Веќе уништената Шара конечно ќе стане национален парк

0
38

Власта веќе влезе во кампања. По 20 години чекање, предизборно Владата ја прогласи Шар Планина за национален парк . Изминативе години постојано се апелираше што поскоро да биде заштитена, оти веќе е во голема мера и уништена. Одлуката е задоцнета, реагираат дел од здруженијата.Сега велат, следи важен период на расправа,кој мора да ги опфати сите засегнати страни но, потребна е и ревизија-кој и што уништувал периодов.

Со реакција се јавија и ловечките друштва.Оваа одлука велат, може да има трајни последици врз ловството.Многу договори за концесија ќе се раскинат,ловиштата ќе бидат затворени, а вака ловокрадството се заканува да го уништи дивечот.

Изминативе години постојано се водеа дебати за оваа иницијатива,направени се и анализи и разговори со локалното население.Но, зошто толку чекаше нема конкретен одговор ниту, министерот Нуредини ,кој тврди дека ова, не било поврзано со изборите.

Здруженијата сега апелираат процедурата да не се влечка,за да не се чека повторно со години,додека иницијативата да биде изгласана.Инаку,по Пелистер, Маврово и Галичица,Шар планина ќе биде четврти национален парк во државава.