Видео: МВР за време на полициски час снима спот за Денот на полицијата ?!

0
40

Пред спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва министерството за внатрешни работи го привлече вниманието на граѓаните кои живеат во близина снимајќи спот.

Голем број на полицајци и полициски возила првично предизвикале загриженост кај граѓаните што точно се случува пред салата и дали се спроведува некаква голема полициска акција. Од МВР за Канал 5 појаснуваат дека не станува збор за акција туку се снима спот по повод претстојниот ден на полицијата.

„Станува збор за снимање на спот за потребите на Министерството за внатрешни работи за одбележување на Денот на полицијата 7-ми мај“, велат од кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кој беше присутен на снимањето на спотот.

Останува нејасно зошто како што велат од МВР , било неопходно видеото да се снима во овој период од денот и покрај тоа што полицискиот час стапува на сила во 19 часот ?

Извор Канал5