ВИДЕО: Пукање во преполн парк – луѓето врескаа и трчаа на сите страни, Тексас на нозе

Пет лица биле повредени во пукање во еден парк во градот Форт Ворт во Тексас, пренесува CNN.

До пукањето дошло вчера, по еден огномет, кога според изјавите на сведоците биле испукани околу 30 куршуми.

Во паркот во тој момент имало околу 600 луѓе.

Полицајците кои се нашле на местото на пукањето пронашле петмина повредени и ги одвеле во болница. Од полицијата била соопштено дека три лица се здобиле со полесни повреди, додека двајца се наоѓаат во критична состојба.

Во соопштението за јавноста полициските службеници не изнеле никакви дополнителни информации за жртви, ниту за можни осомничени за нападот.

Истрагата моментално е во тек, а во неа, покрај локалната полиција, учествува и полицијата на државата Тексас, како и федералната полиција.

Во Тексас мерките за карантин биле укинати на 1-ви мај, а во план е дополнително ублажување на мерките. Парковите се повторно отворени, а до луѓето се апелира да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.