(ВИДЕО) Хакирани џамии во Измир, наместо молитва, била пуштана антифашистичката песна „Бела, чао“

Џамиите во турската провинција Измир престанале да ги повикуваат верниците да се молат кога нивниот аудиосистем бил хакиран и преку звучниците била пуштана италијанската антифашистичка песна „Бела, чао“.

Таа позната песна на италијанските партизани од Втората светска војна се слушала десет секунди од звучниците на 30 џамии, рече висок верски службеник.

Како претпазливост, решивме да го затвориме централниот систем на повикување на молитва“, рече Реџеп Сукру Балкан, директор на верската канцеларија во Измир.

„Сè додека не ја подобриме безбедноста, секоја џамија ќе ги повикува верниците од својот сопствен систем“, додаде тој.

Обвинителите поведоа истрага вклучително и против лица што споделуваа објавувања на социјалните мреж за инцидентот.

„Жал ни е што оваа провокација се случи во толку чувствително време“, рече Балкан за инцидентот за време на светиот месец рамазан и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан-бајрам.

Извор maxfax