Викендов полицискиот час од 19 до 05 часот

0
36

Владата донесе одлука полицискиот час викендов да почне во 19 часот навечер и да трае до 5 часот наутро. Дозволено ќе биде движење на младите до 18 години во сабота и недела од 13 часот до 19 додека возрасните над 67 години ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 12 часот попладне. Според владината одлука сите останати ќе може да се движат во текот на денот до 19 часот навечер кога почнува полицискиот час.