Вонредната состојба ќе продолжи до 13 јуни, Пендаровски: Државата не може вечно да биде во вонредна состојба

Нова вонредна состојба и повик за избори. Шефот на државата Стево Пендаровски прогласи нови 14 дена вонредна состoјба за побрзо справување со коронавирусот и економските последици. Пендаровски тврди дека новата вонредна сотојба не е поврзана со изборите. Но, тој вели дека партиските лидери разговарале за изборите.

„Се споменува и неработен ден како можност за гласање, не само недела како што е досега, бидејќи тоа е возможно со промена на закон, со уредба со законска сила може да се гласа и во среда да речеме. Меѓутоа тоа што јас го знам дека во последните два дена тие комуникации се прекинати, претпоставувам заради новиот развој на ситуацијата. Меѓутоа јас реков и сакам да го нагласам тоа уште еднаш во рамки на оваа порака што ја упатив и на крајот до лидерите на парламентарните политички партии дека државата не може вечно да биде во вонредна состојба за некако да функционира“, иџјави Стево Пендаровски, претседател.

Треба да се носат клучни одлуки за справување со коронавируост, но немаме функционален парламент. Со овие зборови техничкиот премиер Оливер Спасовски повкува на побрзи избори.

„Очекувам дека час поскоро да направиме сè да ги комплементираме институциите низ демократски избори, каде што правото на граѓаните да избираат, да одлучуваат за тоа кој ќе ја преземе судбината за државата, ќе може да го искористи на парламентарните избори“, рече Оливер Спасовски, премиер.

Повикот од спикерот Џафери до партиските лидер е овие 14 дена да ги искористат за датум за избори. Во спротивно, тој ќе ги консултира правниците за одржувањето на изборите.

Новата вонредна состојба почнува од утре и ќе трае до 13 јуни. Доколку наредниот месец нема продолжување на вонредната сосотјба според владината уредба избори треба да има за 22 дена или на 5 јули.