Во Вухан отворен забавниот парк: Ролеркостерот полупразен, на рингишпилот зафатена секоја втора столица

После неколку месеци целосна блокада на кинескиот град Вухан, во вторникот повторно беше отворен забавниот парк.

Иако луѓе има, забележително е дека капацитетите не се пополнети.

Според правилата на социјално дистанцирање, на рингишпилот е зафатено секое второ седиште, а исто така и ролеркостерот не смее да биде пополнет.

Кина се соочува со новиот бран на епидемијата, па последниве неколку дена скокна бројот на заболени, поради што некои градови повторно ги заострија мерките.