Во Минск и покрај коронавирусот парада на годишнината од крајот на Втората светска војната

0
38

Белорусија планира да одржи голема воена парада на 9-ти мај по повод 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа и покрај пандемијата на новиот тип коронавирус.

„Не можеме туку-така да ја откажеме парадата“, изјавилбелорускиот претседател Александр Лукашенко, пренесува во неделата дрќаваната новинска агенција Белта.

„Долго размислував за тоа. Тие умреа за нас, колку лошо тоа и да звучи“, рекол Лукашенко и додале дека одлуката била и емоционална и идеолпошка, и притоа истакнал дека луѓето и во текот на војната умирале од вируси и други болести. Порачал и дека никого нема да присилува да присуствува на прадата.

Белорусија досега регистрирала 16.700 случаи на зараза и 99 смртни исходи како последица од Covid-19.

Лукашенко многу повеќе во странство го критикуваат, бидејќи не воведе никакви мерки против ширењето на заразата, а загриженоста поради коронавирусот ја нарекува „психоза“. Белорусија е единствената земја во Европа, и меѓу само неколкуте во светот, во кои спорските настани, во прв ред фудбалското првенство, не беа суспендирани, а натпреварите се следат со присуство на мноштво гледачи.