Во последните шест денови земјава е рекордер во регионов со новозаболени од Ковид 19

0

21 новорегистриран случај на Ковид 19 во земјава и 17 мина оздравени. Вкупно во изминатот денонокие се направени 258 тестирања од кои 13 отпаѓаат на градинките и 17 за оздравените. Тоа значи дека повторно од 228 тестирања бројот на новозаразени е десет проценти, слично како и изминативе денови. И повторно најголем број од оние кај кој е регистриран корона вирус се од скопје и тоа 12, Тетово е второ со 5 нови случаи по што следуваат Куманово со 3, Штип – 1 случај. Со ваквата статистика во последните шест денови во земјава од 19 до 24 ти мај или само за пет денови има 161 заразен. Ако се пресмета на милион жители тоа значи дека водиме во регионот со 80. Ако се споредиме со соседите најблиску е србија кој во последните денови на милион жители има 53 нови случаи, па втора е Бугарија со 28, Албанија – 18 а грција има најмалку односно 4 новорегистрирани на еден милион жители во последните пет денови. Слична на неа е и хрватска која во последниве пет денови има само 16 новозаразени или на еден милион 4 ца.

Земјава не може да се пофали ниту со број на активни случаи кој секојдневно расте наместо да паѓа. Ако пред пет денови односно на 20 мај имаше 381 активен случај, сега бројот порасна на 447 или на милион жители 223. Само србија е пред нас со 582 активни случаи на милион жители во моментов. Бугарија има 208, грција 128 а албанија 63 активни случаи со ковид 19 на еден милион жители. Хрватска пак има само 28. Сепак Црна Гора е рекордер и тоа не само во регионов туку во европа. Од денеска е земја без ниту еден активен случај и е прогласена за првата корона фри држава на континентот. Таа на почетокот на корона кризата беше последна која го регистрираше првиот случај на ковид 19 и сега прва го искорени. Во земјата нема потврдени нови случаи веќе 20 дена по ред. Црногорските здравствени власти претходно соопштија дека крајот на епидемијата ќе биде прогласен кога вкупно 28 дена по ред нема да биде забележан нов случај на зараза.

Извор Телма