Во светот досега повеќе од 6 милиони заразени со Ковид -19

0

Бројот на заразени со вирусот корона во светот надмина шест милиони, покажуваат податоците на веб-страницата „Worldometers“.

Според веб-страницата, во светот досега има 6.009.148 лица заразени со вирусот корона, починати 366.039, а излекувани се 2.650.709 лица.

Најлошата состојба е во САД каде повеќе од 1,7 милиони луѓе се заразени со Ковид-19, додека 104.410 починале.

На второ место по бројот на заразени е Бразил со 465,166 заразени, следува Русија со 387.623 заразени, Шпанија со 285.644 заразени, Велика Британија со 271.222 заразени и Италија со 232.228 заразени.

Кина, каде што вирусот корона се појави кон крајот на минатата година, сега е само 15-та по бројот на заразени со 82.995 случаи.

По САД најголем број смртни случаи се регистрирани во Велика Британија, од нив 38.1161, а на третото место е Италија со 33.229 смртни случаи како резултат на вирусот корона.Следува Франција со 28.714 жртви, Бразил со 27.878 смртни случаи и Шпанија со 27.112 жртви.