Во Скопје 24 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Сарај и Бутел

Во последниве 24 часа само на територијата на град Скопје се регистрирани 24 случаи позитивни на Ковид-19.

Распоредено по општини:

Сарај – 7

Бутел – 4

Арачиново – 3

Чаир – 3

Студеничани – 2

Шуто Оризари – 2

Гази Баба – 1

Кисела Вода – 1

Карпош – 1

Инаку, на ниво на целата држава, во последниве 24 часа регистрирани се 38 новозаболени пациенти и три смртни случаи.

По градови:

Скопје-24,

Куманово-4,

Штип-4,

Тетово-3,

Битола-1,

Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122.