Вучиќ: Вонредната состојба ќе се укине на 6 мај, избори на 14 или 21 јуни

0
44

Српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека вонредната состојба ќе биде укината на 6 мај, на Ѓурѓевден, и дека изборите во Србија ќе се одржат на 14 или 21 јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ, гостувајќи синоќа на ТВ Пинк, изјави дека одлуката за укинување на вонредната состојба во среда ќе се најде пред пратениците на Народното собрани, а во четврток ќе стапи на сила, со што нема повеќе да има полициски час.