Германија официјално влезе во рецесија

Германското стопанство доживеа пад за 2,2 отсто во првиот квартал од оваа година, што е најголем пад од финансиската криза во 2009 година, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска.

Фабриките и продавниците ширум Германија беа затворени во март со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

БДП на годишно ниво е намален за 2,3% во периодот од јануари до март, по растот од 0,4% во претходните три месеци, соопшти Федералниот завод за статистика.

Министерството за економија соопшти дека во текот на вториот квартал се очекува забрзување на стопанскиот пад.

Индикаторите што се следат од април не навестуваат дека има надеж за подобрување, но можно е да се оствари пресврт во мај, се наведува во месечниот извештај на Министерството.

За разлика од Германија, еврозоната уште не е влезена во рецесија, но тоа е единствената добра вест. Се бележи најстрмниот квартален пад од почетокот на користењето на еврото и откако се водат компаративни статистики од 1995 година, соопшти Евростат.