ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА И ИТАЛИЈА: Досегашните силни европски економии во тешка рецесија

По Франција и Италија, и најсилната европска економија, Германија е веќе во рецесија, и според економските анализи забележува најголем пад на активност во првиот квартал од годинава. Но, германското министерство за финансии предупреди дека наредните три месеци, односно вториот квартал ќе забележи уште полоши резултати. Според податоците, БДП на Германија падна за 2,2 отсто и како што наведива Централното биро за статистика потрошувачката на домаќинства нагло паднала, сосема исто како и инвестициите во машини и опрема, а силен пад има и во увозот и извозот.

Ваквите податоци покажуваат дека по вранција и Италија и Геманија влезе во рецесија. БДП на Франција падна за 5,8%, а на Италија за 4,7% во првиот квартал од годинава. Но, според аналитичарот Џек Ален Рејнолдс од Капитал Економикс, Германија ја очекува тежок втор квартал со пад на БДП, дури од 10 проценти.