Грција заплени 850 илјади несоодветни заштитни маски

0
124

Во Грција се запленети 850 илјади несоодветни заштитни маски, кои не ги исполнувале потребните спецификации, јавува МИА.

Маските биле наменети за грчкиот пазар, а ги немале ниту потребните меѓународни ознаки.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, царинската служба на атинскиот аеродром, како и надлежната управа соопштиле дека повеќето од увезените маски биле од Кина, а другиот дел Бангладеш.