Грчките наставници бараат преиспитување на владината одлука за онлајн наставата

Грчкиот синдикат на наставници соопшти дека одлуката на владата дека онлајн наставата може да ги крши правата на децата на приватност треба да биде преиспитана. Денеска во Грција беа отворени училиштата за учениците од завршните години во средните училишта, додека за пониските класови ќе почнат со работа од следната недела.

Онлајн наставата им овозможува на наставниците да го редуцираат присуството на учениците и во училниците да има 50 отсто или помалку ученици.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас рече дека онлајн наставата ќе продолжи, нагласувајќи дека грчкото независно тело за заштита на податоците „било консултирано и дало писмена согласност“.

Во Грција од саботата нема смртни случаи од последиците на коронавирусот, па вкупниот број на умрени останува 151.

Регистрирани се 10 новозаразени, со што вкупниот број достигна 2726, соопшти денеска Министерството за здравство.