Дадилката која тепаше двегодишно дете осудена на година и пол затвор

0

Дадилката која тепаше двегодишно дете во Капитол мол доби затворска казна од година и пол.

Вака одлучил Кривичниот суд откако дадилката ја признала вината. Сега предметот по жалба е во Апелациониот суд кој ќе треба да одлучи дали оваа казна ќе остане иста или ќе се промени.

Тепањето се случи на 21 ноември минатата година, а малтретирањето беше снимено од безбедносните камери на игротеката.

Видеото беше јавно објавено, по што обвинителството поднесе обвинение за дадилката.