Денеска и утре натпревари во германската Бундеслига

0
213

Германската Бундеслига е првата елитна светска фудбалска лига која се враќа по двомесечната пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Денеска треба да се одиграат осум натпревари, меѓу кои ќе биде и дерби средбата помеѓу ривалите Борусија Дортмунд и Шалке.

Станува збор за едно од најголемите дерби натпревари во Германија каде навивачите го имаат главниот збор.

Натпреварите како што соопштија од германската фудбалска федериција ќе бидат одиграни без гледачи, и со посебни протоколи и правила на однесување на фудбалерите.