Денеска ќе се одлучува за полицискиот час за викендот како и за отворањето на рестораните

Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти. И покрај благото зголемување на бројот на нови случаи, епидемијата е под контрола, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

„Епидемијата е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен, голем дел од потврдените се веќе од познати кластери, а дел од заразените се инфицирале при групирање на приватни собири“, истакна вчера Филипче.

„Го најавивме отворањето на угостителските објекти во оваа недела, но во текот на дискусијата ги имавме предвид и претстојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки“, истакна вчера Филипче.

Министерот потсети дека сите мора да ги почитуваме мерките за сузбивање на ширењето на корона вирусот и во следниот период.