Ден Дончев си поднесе оставка од директорот на Фондот за здравство

0
33

Aктуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, си поднел неотповиклива оставка, потврдија за „360 степени“ извори од Владата. Според образложението, функцијата ја напушта од здравствени и семејни причини.

Извори од Владата не можат да потврдат дали неговата оставка ќе се разгледува и ќе биде прифатена уште на денешната владина седница.

Дончев стана директор во август 2017 година. Тој на парламентарните избори во 2016 г. беше носител на листата во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“ и важи за близок до екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кога Никола Груевски го презеде раководењето на партијата, но по несогласувањата со него ја напушти партијата и подоцна се приклучи и беше активен во Обединети за Македонија.