ДЗС: Маслото, лебот и овошјето најмногу поскапеле во април

0
28

Маслото, лебот, месото и овошјето се основните прехранбени продукти што најмногу поскапеле во април, споредено со истиот месец лани. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека цената на маслото пораснала за 12,8%, овошјето поскапело за 8,1%, лебот и житата се продавале по цена повисока за 4,4%, а месото поскапело за 4,3%. За 2,8% се покачиле и цените на млекото, сирењето и јајцата.

Позначајно поскапување од 5,9% бележи и тутунот.

Некои од граѓаните не забележале драстични разлики на цените на храната, меѓутоа, други велат, најбараните произоди се поскапени.

Ако се земат предвид основните прехранбени производи, според државната статистика позначајно намалување на цената бележи единствено зеленчукот и споредено со минатогодишниот април се продава по цени пониски за речиси 15%.

Најголемо поефтинување се забележува кај течните горива, чија цена во април годинава била за речиси 32% пониска во однос на истиот месец лани.

Извор Сител