Едно лице загина, двајца се повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

0
29

Едно лице почина, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на Страцин, потврди СВР Куманово.

Во сообраќајната несреќа која се случила во 9:40 часот учествувале две патнички моторни возила „фиат пунто” со кумановски регистарски ознаки.

Двете повредени лица се пренесени во Ургентен Центар во Скопје.