Заев: Ако нè фати есен без Собрание, земјата влегува во Уставна криза

0
28

Претсeдателот на СДСМ Зоран Заев, вели дека изборите во јуни треба да се одржат за да се избегне Уставна криза. Во интервју за Алсат, Заев потсети дека во декември завршува мандатот на актуелната влада. Ако на есен се врати втор бран на кризата со корона вирусот тогаш нема време за кога би се одложиле изборите.

„Тие најдоцна до 11 декември мора да се одржат оти четирите години мандат оо устав дадено завршуват, и после тоа влегува државата во сериозна уставна криза и ќе има проблем. Целиот свет, Европа, регионот, отворат можност дека есента е возможно повторно да се врати кризата, зашто се појавува грипот, зимата доаѓа. Затоа е отворена дебатата дали треба да се седне и да се разговара и да се размислува кога да има избори. Не е исто гледањето денеска и гледањето на месец јуни на пример, секако заради тоа што ако тој е месецот кога навистина ќе олабави кризата треба да одиме, заради причини што ако тоа не се случи сега, есента повеќе нема и кога да се одложуват”, изјави Заев.