Заев бара што побрзо избори, Мицкоски: „За некого фотелјa е поважна од животот на граѓаните“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев очекува Северна Македонија да ја искористи првата можност за одржување парламентарни избори, бидејќи, како што вели, не се знае кога ќе има втора шанса поради непредвидливоста на коронавирусот кој наесен може да се врати со втор бран. Лидерот на социјалдемократите интервју за “Утрински брифинг“ повтори дека треба да се свика повторно Собранието, како претставник на граѓаните во донесувањето на каква било олука, а во овој случај Парламентот би го дефинирал датумот за избори, што според Зев ќе го продолжи рокот за одржување избори.

А бидејќи кажа дека Собрание кое е повторно свикано, на избори би можело да се оди 60 дена по распишување на истите, Заев за ВМРО-ДПМНЕ обвини дека од таму купуваат време со ставот дека Собранието не треба да се враќа бидејќи се плашат од избори.

Мицкоски ваквите тврдења ги нарече слабост на Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за нив приоритет не се изборите туку завршувањето на пандемијата, заздравувањето на економијата и враќањето на вербата кај граѓаните, и не да биде мандатар во време кога се бројат жртви.

Што се однесува до одлуката која се очекува да ја донесе Уставен суд за повторно свикување на Собранието, Мицкоски рече дека ќе коментира откако ќе биде донесена одлуката, а потсети дека во минатото имало слична иницијатива а која Уставен ја отфрлил како неоснована.

Во врска со проценката на Уставен и од кабинетот на претседателот на Собранието за ТВ21 рекоа дека нивниот став ќе го соопштат тогаш кога Уставен суд ќе донесе одлука.

Извор 21Тв