Заев: И по втората лидерска средба не дојдовме до решение, останува да одиме на избори според роковите што се заокружени

Претседателот на СДСМ Заев, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се исплашени од граѓаните и бегаат од изборно соочување, затоа што се свесни за нискиот рејтинг, но тоа не смее да биде причина државата да остане без институции со полн легитмитет.
Одржувањето на изборите е важно пред се за здравјето на граѓаните, за економијата, за демократските институции и затоа е вредно да вложуваме енергија како зрели и одговорни луѓе да постигнеме договор. Во услови кога и по втората лидерска средба не дојдовме до решение, останува да одиме на избори според роковите што се заокружени, односно по завршувањето на вонредната состојба на 30 мај изборите да се одржат во определениот рок од 22 дена – на 21 јуни, истакна вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Канал 5 Телевизија.

Тој нагласи дека мора да се следат и почитуваат законските решенија со кои е предвидено изборите да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба.

-Здравјето на граѓаните е пред се. Ние сме парламентарна демократија и Собранието мора да функционира и да има политичка Влада која ќе носи храбри одлуки. Во вакви околности кога немаме договор, остануваат термините, односно 22 дена од завршување на вонредната сосотојба да се одржат избори. Вонредната состојба завршува на 30 мај, на 21 јуни се изборите. Прашањето не е што сакаме, кога нема договор кога нема договор во секоја земја останува Закон и владеење на правото. Мора да се почитуваат законите, а законот вели изборите се на 21 јуни. Тоа може да се одложи ако се продолжи вондредната сосотјба, но за таа да продолжи мора да има сериозен аргумент. Треба изборите да се одржат согласно законските рокови, истакна претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ Заев, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се исплашени од граѓаните и бегаат од изборно соочување, затоа што се свесни за нискиот рејтинг, но тоа не смее да биде причина државата да остане без институции со полн легитмитет.

-Тоа не е причина да ја заглавиме државата. Мора да настапуваме одговорно, во интерес на граѓаните и државата. Ние првично се договоривме да одиме на избори на 12 април, кои ги одложивме заради пикот на коронавирусот. Изборите се веќе распишани, Парламентот е распуштен, кандидатските листи се поднесени и прифатени, имаше и жрепка за бројките на гласачкото ливче… Според нас опозицијата не е подготвена и има страв од избори, затоа што бројките на рејтинзите тоа го покажуваат. Јасно им е и ним дека ние победуваме со убава разлика, но тоа не е причина да ја заглавиме државата, да биде без институции, а ќе бидат потребни заради здравјето на граѓаните и заради економијата и заради демократијата, заклучи Заев.

Тој смета дека Државната изборна комисија е должна да ги спроведе изборите во роковите што ги предвидува Уредбата со законска сила, што беше донесена откако беше прогласена вонредната состојба и изборите беа одложени.

– ДИК е извршно тело. Тоа добива рокови, пропишани од претседателот на Собранието, кој ги распишува изборите и тие постапуваат по тие рокови. Теоретски имаме рокови за избори кои треба да се одржат и за 40 дена, и сме одржувале избори во тие рокови и изборите беа успешни. Роковите се јасни, претседателот на Собранието не може да распише нови избори, останува рокот определен со изборните рокови кои беа замрзнати поради здравствената криза. Неспроведувањето на одлуката поведува и одговорност, оцени Заев и додаде дека Изборниот законик во делот на ажурирањето на Избирачкиот список е јасен и предвидува дека кога е завршен јавниот увид МВР е должно да достави список на полнолетни гласачи заклучно со 21 јуни.

Според Заев, не е прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на изборите, туку прашањето е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во изборната кампања или не.

– ВМРО-ДПМНЕ учествува на изборите, тие прифатија изборите да бидат на 12 април, потоа прифатија одложување на изборите, доставија кандидатски листи, ждребовањето е завршено, се е подготвено за избори, изјави Заев.

Тој нагласи дека е отворен за дијалог со цел да се дојде до заеднички прифатливо решение за датумот за избори, но смета дека не смее да дозволи да се пропушти периодот кога има услови да се одржат избори со најмала опасност за граѓаните, бидејќи со отворањето на границите, училиштата, градинките ризкот се зголемува.