Земен брис – ќе се испитува дали девојчето од Лабуништа имало корона

На четиринаестгодишното девојче од струшкото село Лабуништа кое утрово почина на пат кон Ургентниот центар во Скопје, му било земено брис за да се испита дали евентуално било позитивно на новиот ковид-19. Ова го соопшти директорот на болницата, Мухамед Асани.

Девојчето утрово било донесено во струшката болница во тешка здравствена состојба со повраќање, а претходно имала и температура.

Било препратено во Скопје, но по пат починала. Во ова струшко село имаше голем број на смртни случаи како последица на новиот вирус.