Земјотрес во источниот дел на Јапонија

0
29

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтеровата скала денес го затресе источниот дел на Јапонија.

Заради тоа накратко е запрен желеничкиот сообраќај, соопшти Јапонската метеоролошка агенција и железничкиот оператор.

Земјотресот се случил во 22:07 по локално време, на длабочина од 50 километри североисточно од Чиба и не е издадени предупредување од цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, пренесе „Кјодо“.

Земјотресот се почувствувал и во Токио.