Зоран Милановиќ напушти настан поради усташки написи

0
149

Легенда: Хрватскиот претседател го напушти собирот за 25-годишнината од акцијата „Блесок“ поради тоа што некои од учесниците носеле миаци со усташкиот натпис „За дом спремни“

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во петокот рече дека ја напуштил 25-годишнината од акцијата „Блесок“ во Окучани поради усташкиот натпис „За дом спремни“ на маиците на некои од присутните, за што смета дека е газење на жртвите и сеќавањето на настанот.

„Жал ми е, дојдов тука да им оддадам почит на оние што паднаа за Хрватска. Се согласивме на сите елементи на протоколот, но еден од учесниците што требаше да положи венец пред мене, се соблече во униформа со знакот ‘За дом спремни’“, им рече Милановиќ на новинарите.

Тој додаде дека неговите ставови за тој усташки натпис се добро познати и затоа не сака да учествува во тоа.

Тој тврди дека тоа е работа на организаторот, Министерството за хрватски ветерани, кое морало да води сметка за тоа. Целата систуација ја оцени како провокација.

„Во иднина, каде и да е оваа ситуација, јас нема да учествувам во неа. Јас го разбирам премиерот и претседателот на Собранието, тие мораат“, рече Милановиќ.

Тој исто така рече дека тој разговарал за овој настан со премиерот Андреј Пленковиќ. „Тој само слегна со рамењата. Имам разбирање за премиерот, но на поздравот ‘За дом спремни’ не му е место овде“, рече претседателот на Републиката.