Зошто е толку важно физичкото дистанцирање

0
212

Најголемиот проблем со кој се соочуваат многу земји во однос на коронавирусот е драматичниот пораст на бројот на заразени. Бидејќи САРС-КоВ-2 е нов вид коронавирус, населението нема стекнато имунитет на стадо, што значи дека сите се подложни на инфекција и вирусот брзо се шири. Тоа го видовме во Кина уште во февруари, а потоа и во САД и во многу европски земји, каде што бројот на случаи се удвојуваше на секои три- четири дена и на крајот имаше десетици, па и стотици илјади заразени. Експертите се согласни оти ширењето на ковид-19 не може да се запре целосно, но затоа може значително да се забави со мерки на физичко дистанцирање. Со ограничување на човечкиот контакт, можеме значително да ја намалиме стапката на пренос, што, пак, го зголемува времето за удвојување на случаите. Таквите мерки може да имаат огромен ефект врз вкупниот број случаи по одредено време.

За илустрирање на важноста на физичкото дистанцирање, да го разгледаме следниот пример. Почнувајќи со едно заразено лице, вирусот се шири и бројот на случаи се удвојува на секои четири дена. По 36 дена од избувнувањето, имаме 512 случаи и владата А решава да спроведе мерки на физичко дистанцирање, кои, поради упростување, веднаш времето на удвојување го доведуваат од четири дена на осум дена. Владата Б, пак, не смета дека треба да стори нешто и вирусот да се шири неконтролирано. Три и пол недели подоцна, 60 дена по избувнувањето, владата А има 4.096 случаи, а владата Б има над 30.000 случаи.

За да посочиме колку времето е битен фактор, да ја земеме и владата В, која решава да ги спроведе истите мерки како и владата А, но осум дена подоцна, откако бројот на заразени е 2.000. Мерките се ефикасни и во овој случај, но оваа земја има двојно повеќе случаи од земјата А, која едноставно реагирала побрзо.