ИЗГОРЕ АВТОМОБИЛ ВО ОПШТИНА СОПИШТЕ

Во попладневните часови регистриран е пожар на автомобил во населбата Сопиште. Автомобилот е целосно уништен, а самата незгода направи и голем метеж во сообраќајот.

Од СВР Скпоје велат дека се работи за возило Форд Мондео.

„На терен излезена е противпожарна единица и пожарот е локализиран”, информираат од МВР.