Италија пријави повеќе од 450 жртви од ковид-19

0
27

Голем скок во бројот на жртвите од корона вирус пријави денеска Италија, односно 474 починати лица, соопшти Службата за цивилна заштита.

Така, вкупниот број на починати порасна на 28.710.

Бројот на починати драстично скокна денеска во однос на вчерашниот ден, кога беа забележани 269 смртни случаи.

Денешниот скок доаѓа по долго постепено опаѓање, а најмногу жртви се од Ломбардија, каде денеска се забележани 329 смртни случаи, за разлика од вчерашните 88.

Сепак се напоменува дека денеска всушност има 192 жртви на корона вирус, а 282 починале во домашни услови во текот на април, но до сега не биле внесени во статистиката.

Бројот на новозаразени е стабилен веќе трет ден, а денеска се забележани нови 1.900 случаи, со што вкупниот број инфицирани изнесува 209.328.