Караџовски: Бројот на смртни случаи е драстично намален во последните 14 дена

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски на денешната прес конференција образложи зошто се преминува кон намалување на рестриктивните мерки.

-Комисијата за заразени болести направи една анализа и констатиравме дека соодветно се почитуваат нашите препораки и алгоритми, при што нашите препораки дадоа одредени резултати, се со цел на време да го фатиме нулта случајот. Во последниот период од 14 дена има просечно 24 регстрирани случаи на ден. Последните 14 дена драстично се намали бројот на смртни случаи, само 1,1 смртен случај на ден, што е многу подоброНамалениот морталитет е една од причината за намалување на рестрикциите. Сега одиме на едно пошироко тестирање на населението, како тестирање на вработените на градинките, при што во средината на јуни би требало безбедно да ги пуштиме нашите деца во градинките. Во наредниот период ќе ги тестираме здравствените работници, таксистите, полицијата. Ќе направиме 10.00 тестирања. Процентот на позитивните случаи е 5,7 од вкупниот број на тестирани, во последните 14 дена. Ние рековме дека кога ќе достигнеме околу 5 посто позитивни од тестирани, ќе почнеме со олабавување на мерките, рече Караџовски.