Касами: Беса е за избори во јуни

Лидерот на Беса рече дека институциите треба полека да го укинат полицискиот час, да се почитува мерката за носење маски и физичко растојание и граѓаните психички да се подготват за избори

Движењето Беса е за избори во јуни, но за да дојде до тоа мора да се укине вонредната состојба прво, изјави лидерот на Беса Билал Касами по денешната лидерска средба, во која изрази жалење дека не е постигната согласност за датум за изборите.

„Движењето Беса е изборите да бидат во рамки на Уставот и законите за натаму власта која ќе произлезе од овие избори да може подобро да се справи со економската и здравствената состојба. Ние со политичка одлука ги одложивме изборите и сега течат роковите од претходно и останува Владата и претседателот да одлучат кога ќе се укине вонредната состојба, а потоа да се определи и датумот. Посакувам бројот на заразаени и починати да се намали, но истовремено апелирам институциите да ги подготват граѓаните за избори“,

изјави Касами.

Тој исто така рече дека институциите треба полека да го укинат полицискиот час, да се почитува мерката за носење маски и физичко растојание и граѓаните психички да се подготват за избори.