Коронавирус: Моделот Јужна Кореја функционира

0
32

Јужна Кореја беше една од првите земји, по Кина, каде избувна епидемија на коронавирусот. На почетокот на март земјата бележеше по 500 новоинфицирани, а во последниве денови нивниот број е едноцифрен.

Јужна Кореја денеска пријави само два нови случаи на заразени со коронавирусот, а епидемијата во земјата продолжи да се успорува.Според податоците кои денеска ги објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести во земјата со вирусот се заразени 10.806, а 255 лица починаа. Центарот наведува дека двата нови случаи се откриени за време на проверката на аеродромите и оти нема нови локални преноси на болеста во градовите и во помалите места во земјата.

Во над 1.100 случаи се работи за лица кои дошле од странство, а и нивниот број опадна минатите недели откако власти ги зголемија граничните контроли со воведување, на пример, на задолжителен двонеделен карантин за сите патници кои доаѓаат од странство.