Кривична за потпалувачот кој запали два полициски автомобили во Делогожда

Полицијата му поднесе кривична пријава на жител на Делогожда, кој за време на полициски час запалил два автомобили паркирани во дворот на полициската станица во селото.

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Ж.(48) од струшкото село Делогожда за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, како и за предизвикување општа опасност. На 26.04.2020 во 00.50 часот во Делогожда бил лишен од слобода Д.Ж., откако на 25.04.2020, во периодот од 23.30 до 23.55 часот, предизвикал пожар на две патнички возила паркирани во дворот на Полициска канцеларија Делогожда. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга, велат од МВР.