Кривична за скопјанец: На Фејсбук ширел говор на омраза кон Ромите и муслиманите

0

Скопјанец на возраст од 30 години, доби кривична пријава бидејќи ширел говор на омраза за ромската заедница и за муслиманите преку социјалната мрежа Фејсбук, информираше министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Пријавата до Секторот за компјутерски криминал во МВР пристигнала вчера по што било постапено и констатирано дека има кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат компјутерски систем.

Пријавата е поднесена до ОЈО Скопје.