Манчевски: Чулев придонесува за непочитување на мерките

Министерот за информатчико општество потврди дека Владата утре ќе одлучува за тоа колку ќе трае полицискиот час овој викенд

Ако сакаме намалување на рестрикциите, мора да се почитуваат препораките, изјави, во гостување на ТВ 24, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, соопштувајќи дека, во текот на утрешниот ден, владата ќе донесе одлука каков полициски час ќе има викендов.

„Се прават консултации, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание …“

рече Манчевски.

Тој вели дека и на светско ниво деновиве има мал пораст на бројките на заразени. Но, како што нагласува, нашите здравствени власти ги знаат точно кластерите и нема непознати жаришта. Според него, дел од заразените се од литијата во Струга, од прославата на Денот на полицијата, како и од вечерите за Ифтар…

„МВР, конкретно техничкиот министер Чулев, самиот изјавува дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено што било. Дали внатрешната контрола на МВР постапува, дали има санкции за службениците кои беа на терен…Затоа граѓаните се во недоумица, односно чувствуваат дека нема еднаков третман кон сите“,

вели Манчевски.

Извор 360°