Меркел: Финансирањето на СЗО мора да биде одржливо

Таа ги подржа напорите на СЗО во борба против пандемијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјите во светот треба заеднички да работат за надминување на пандемијата со коронавирусот.

Во денешното видео обраќање на редовното годишно заседавање на Светската здравствена организација, Меркел изјавила дека „нејзината земја сама не може да го реши овој проблем“.

Таа ги подржала напорите на СЗО во борба против пандемијата, но и додала дека земјите во светот треба да роботат на подобрување на процедурите во СЗО и да осигураат дена нејзниото финансирање ќе биде одржливо.

Меркел дирекно не ја спомена одлуката на американскиот претседател Доналд Трам за прекинување на финансирањето на СЗО.