МЗ: Се шири маил со лажна содржина и од лажна адреса што наликува на МЗ

Маил со лажна содржина и од лажна адреса што наликува на Министерството за здравство се шири низ интернет просторот, предупредваат од Министерството за здравство (МЗ).

„Меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство“, се вели во реакцијата.

За ова, додаваат од таму, е запознат Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР каде веќе работат на случајот.